„Ова е силен шамар, одговорноста е моја“

Во изминатата вечер Ливерпул ја прекина низата од 68 натпревари без пораз на „Енфилд“, па се разбира, Јирген Клоп по натпореварот беше видно разочаран откако неговите момци загубија од тимот на Барнли.

Шампионот на Англија сега се наоѓа на 4-то место во Премиер лигата и заостанува шест бодови од лидерот на табелата, Манчестер Јунајтед.

„Ми требаат сите зборови во англискиот јазик за да дадам објаснување, ова е силен, силен ‘шамар’ за нас. Одговорноста е моја, тука нема дилема. ја имавме топката во наш посед, направивме неколку шанси, но не успеавме да дадеме гол. Тоа ја остава играта отворена и потоа противникот доби пенал. Алисон ми рече дека не направил никаков фаул, но јас не видов што се случи“, изјави Јирген Клоп по мечот.

Ливерпул дефинитивно се наоѓа во криза, а за ова зборува и фактот дека игрчите на Клоп немаат постигнато погодок цели 440 минути.

„Тешко е да се објасни ова. Овие момци не се играчи кои, по една убедлива победа, мислат дека „лесно“ ќе се вратат од кризата. Тие напорно работеа вечерва и тоа не се исплатеше. Но, ако нешто не работи, треба да се обидете повторно, потешко, почесто и подолго. Нема виновник, ова мора да го решиме заедно и тоа ќе го сториме. Не е крај на сезоната, следуваат нови шанси кои ќе се потрудиме да ги искористиме“, заклучи менаџерот на Ливерпул.

Следната пречка на Ливерпул ќе биде Тотенхем, тимот од Лондон има одлична игра со Мурињо, па ова ќе биде уште еден тежок натпревар за Клоп и неговите момци.

Се вчитува...