Ова е вистински дрим-тим: Најдобрата петорка на ОИ во Токио

Кошаркарскиот турнир на ОИ во Токио донесе големи возбудувања, фантастични натпревари и на крајот заврши со очекувано злато на американските кошаркари. Најзаслужен за овој успех беше Кевин Дурант, кој апсолутно заслужено ја доби и МВП наградата за најкорисен играч во Токио.

Воедно, Дурант е предводник и на идеалната петорка на ова натпреварување, во која асот на Бруклин е единствен претставник на шампионската селекција. Крај него се наоѓа и словенечката суперѕвезда, Лука Дончиќ, потоа францускиот центар Руди Гобер, австралискиот плејмејкер Пети Милс, како и Шпанецот Рики Рубио, кој имаше фантастичен просек од 25,5 поени и шест асистенции по натпревар.

За потсетување, САД во големото финале ја совлада Франција, додека бронзениот медал заврши на градите на кошаркарите на Австралија, кои беа подобри од Словенија.

Се вчитува...