Ова мора да боли: „Бомбата“ на Душебајев директно во главата на Санаи (видео)

Кога шутира Алекс Душебајев, голманите имаат проблем да ја запрат топката на патот до мрежата. Шутевите на екс-вардарецот се исклучително силни, кој не верува нека го праша Мосбах Санаи од Тунис, кој настрада бидејќи се најде во непосредна близина, па „проектилот“ на Душебајев заврши директно во неговата глава.

Санаи покажа дека е исклучително силен, останувајќи на нозе по ударот со топка од шпанскиот бек. Оваа случка дури и му се брои како асистенција на Санаи, бидејќи одбиената топка пристигна до еден негов соиграч, кој лесно реализираше во мрежата на Шпанија.

Се вчитува...