Ова нема крај: Кјелини позитивен на коронавирус

Новите случаи на коронавирус и натаму се зголемуваат низ Европа, а тоа прави проблем пред натпреварите кои треба да се играат во следните неколку дена. Така предмалку излезе информација дека дефанзивецот на Италија, Џорџо Кјелини е позитивен на коронавирус, и тој ќе го пропушти дербито со Италија.

За потсетување дека на дербито ќе го нема Елиф Елмас, кој вторпат е позитивен на вирусот, и ќе мора да биде неколку дена во карантин.

Во речиси сите клубови има позитивни случаи на коронавирус. Во моментов короната руши рекорди во неколку земји, но нема толку многу хоспитализации како што беше случај со почетокот на пандемијата.

Се вчитува...