Се поголеми пари се вртат во светскиот фудбал, скокаат платите на фудбалерите, висината на мегатрансферите, но скока и заработувачката на фудбалските тренери ширум светот.
Порталот „ GiveMeSport“ ја објави листата на десет најплатени тренери, на која на врвот се наоѓа стратег што воопшто не работи во Европа. Италијанецот Симоне Инзаги одлично го наплати заминувањето од Интер и седнувањето на клупата на Ал Хилал, со што стана најплатен тренер во светскиот фудбал со заработувачка од 26 милиони евра.
Диего Симеоне е наградуван за лојалноста кон Атлетико Мадрид со неколку зголемувања на платата, со што Аргентинецот сега е второрангиран со 23,4 милиони евра годишна плата. Трет на оваа листа е Луис Енрике, кој со потписот на новиот договор има загарантирани 20 милиони евра годишно во ПСЖ.
Микел Артета моментно заработува 17,5 милиони евра во Арсенал, но преговорите за нов договор се во завршна фаза и се очекува шампионскиот тренер на „топчиите“ сериозно да се приближи, можеби дури и да ја престигне сумата на Инзаги од Саудиска Арабија.
Неочекувано, петти на листата е Оливер Гласнер, кој одлично ја наплати преселбата од Кристал Палас во Нотингем Форест, каде зема плата од огромни 15,1 милиони евра.
Чаби Алонсо има 13,4 милиони евра годишна плата во Челси, а Жозе Мурињо се наоѓа на седмата позиција со месечна плата од еден милион евра, или вкупно 12 милиони по сезона.
Во Топ 10 рангирањето има место уште и за Постекоглу од Ал Наср, Мареска од Манчестер Сити и Ираола од Ливерпул, сите со идентични примања од 11,6 милиони евра годишно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
