Ова се најуспешните спортисти на ОИ во Токио

Спуштена е завесата на Олимписките Игри во Токио, каде бевме сведоци на епски пресметки во борбата за медали. Вкупно 37 олимпијци освоија по најмалку два златни медали, од нив 22 во женска и 15 во машка конкуренција.

Од нив, најуспешен е 24-годишнио американски пливач Кејлеб Дресел, кој освои дури пет златни медали. Дресел учествуваше во шест дисциплини во Токио, притоа стигнувајќи до пет злата (50 и 100 метри слободно, 100 метри пеперутка и штафетите 4х100 метри слободно и 4х100 метри мешано. Притоа, тој постави нов светски рекорд на 100 метри пеперутка (49,45 секунди), како и два нови олимписки рекорди, на 50 и на 100 метри слободно.

На второто место на листата најуспешни спортисти на ОИ во Токио се најде Ема Мекеон. Австралиската пливачка стигна до злато на 50 и на 100 метри слободно, притоа поставувајќи нови олимписки рекорди. Воедно, таа беше дел од австралиските штафети кои освоија златен медал, на 4х100 метри слободно со нов светски рекорд и на 4х100 метри мешано со нов олимписки рекорд. Покрај четирите злата, Мекеон освои и три бронзени одличја, на 100 метри пеперутка, во женската штафета 4х200 метри слободна и во мешаната штафета на 4х100 метри мешано.

Кејли Мекион од Австралија стигна до три златни медали во пливање и едно сребро во Токио. Покрај Мекион, три златни медали на овие Олимписки Игри освои уште и Сан Ан од Јужна Кореја во стрелаштво, потоа Лиза Керингтон од Нов Зеланд во Кајак и атлетичарката од Јамајка, Елејн Томпсон – Хера, која стана олимписка шампионка на 100 и на 200 метри, како и со штафетата на својата земја од 4х100 метри.

Се вчитува...