Ова се вика газење: Норвежанките ја понижија Русија

Дуелот меѓу Норвешка и Русија требаше да биде „финале пред финалето“ на СП 2017 и да донесе неизвесност како што тоа беше случај на ОИ во Рио минатата година. Не само што тоа не се случи, туку Норвежанките успеаја да го понижат големиот ривал декласирајќи го со убедливи, постигнувајќи двојно повеќе голови од своите противнички.

Уште од самиот почеток беше очигледно како ќе течат работите, откако Норвежанките тргнаа фуриозно, па за десетина минути успеаја да поведат со шест гола разлика (8-2). „Зборнаја“ за момент ја консолидираше одбраната и успеа да стигне до „минус два“ (8-6, 9-7), но потоа повторно Лунде блесна на голот на актуелните светски шампионки, Мерк и Офтедал беа извонредни во нападот, па на одмор се замина со убедливи 15-8 за Норвешка.

На самиот почеток од второто полувреме Норвежанките стигнаа и до првата двоцифрена предност (19-9), но не застанаа туку, туку до крај ги демолираа Русинките кои влегуваа од грешка во грешка, па овој последен четвртфинален натпревар заврши со преубедливи 17 гола разлика (34-17).

Следен предизвик за Норвешка ќе биде селекцијата на Холандија, додека во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Шведска и Франција.

Се вчитува...