Ова веќе е трагично: Навивачите на Арсенал го славеа четвртиот гол на Манчестер Сити (видео)

Арсенал го допира дното, „топчиите“ загубија со 5-0 на гостувањето против Манчестер Сити по што по три одиграни кола се не само без освоен бод, туку и без постигнат погодок во Премиер-лигата.

Навивачите се бесни, бараат смена на Микел Артета, а откако ваквото барање беше одбиено од управата, тие почнаа да навиваат против својот клуб.

Доказ за тоа беше четвртиот гол за Манчестер Сити, кога Родри биеше прецизно од далечина, а покрај домашните фанови погодокот на „граѓаните“ се славеше на трибината со навивачите на Арсенал.

Се вчитува...