Овечкин се поблиску до историја: На праг да се надмине легендарниот Вејн Грецки

Алекс Овечкин продолжува да пишува историја во НХЛ лигата.

Најдобар стрелец во историјата на хокејот е легендарниот Вејн Грецки со 894 гола и 1.963 асистенции, што го издвојува како јасен лидер на таа позиција. Втор на листата е Јаромир Јагр, а интересно е што Алекс Овечкин е 12-ти на табелата со 877 голови, 711 асистенции и 1.588 бодови.

На Овечкин му недостасуваат 18 гола да го надмине Грецки и да стане водечки голгетер во историјата на НХЛ, рекорд за кој се сметаше дека е недопирлив.

Алекс Овечкин синоќа го постигна својот 877. гол во НХЛ, но Вашингтон загуби од Винипег со 5-4 по продолжение во мечот на двата најдобри НХЛ тима.

„Играа двете најдобри екипи во лигата и тоа беше навистина квалитетна и тешка битка. Мислам дека имавме многу шанси во третиот период и отидовме на продолженија и загубивме. Играа две од најдобрите тимови. Беше навистина забавно, а не се оптоварувам со индивидуалните постигнувања“ – истакна по мечот Овечкин.

Се вчитува...