Овничек: Лазаров ми рече – се гледаме во Египет, сега сме заедно овде…

Словенечкиот репрезентативец Рок Овничек на стартот од сезонава го потенцираше токму Кире Лазаров како ракометар кој најмногу му помогнал во адаптацијата по трансферот во Нант. Двајцата задржаа одличен однос во изминатите месеци, но денеска ќе излезат на мегдан како противници.

Во изјава за словенечките медиуми Овничек открива дека Лазаров до последно верувал дека Македонија ќе игра на СП 2021, па последната порака до Словенецот била дека ќе се видат во Египет.

„Кога зборувавме последен пат се шегувавме, ми рече дека се загревал за да игра на СП. Македонија во тој момент немаше пласман, но тој ми рече дека ќе се видиме во Египет. И сега навистина, двајцата сме тука, дури и ќе играме еден против друг. Тој е прекрасна личност, пред мундијалот ми посака многу среќа, но не сум сигурен дека го мисли истото и за денешниот дуел. Ние сме свесни дека нема да ни биде лесно, формата на Македонците ќе се движи во нагорна линија бидејќи немаа доволно подготовки за ова СП, но сега ќе се обидат да влезат во посакуваниот ритам“, истакна Овничек во пресрет на денешниот натпревар.

Се вчитува...