Оже Алиасим го шокираше Ѓоковиќ – Светот е на победа до сензација во „Лејвер купот“

Новак Ѓоковиќ на денешниот прв натпревар во сингл на Лејвер Купот неочекувано загуби од Феликс Оже-Алиасим во два сета. Канаѓанецот славеше со 6-3 и 7-6 за прва победа во кариерата против српскиот тенисер. Со оваа победа тимот на Светот поведе против Европјаните со 10-8.

Претходно во игра на двојки токму Канаѓанецот во пар со Џек Сок беше подобар со 2-1 од Енди Мареј и Матео Беретини.

Сега на тимот на Светот му треба уште една победа во последните два сингл меча во кои се среќаваат: Циципас – Тиефо и Руд Фриц како би стигнал до првиот трофеј во ова натпреварување.

Се вчитува...