Озил доаѓа во Интер, а Жоао Марио ќе го засили Арсенал?

Германскиот репрезентативец Месут Озил по се изгледа дека ќе го напушти Арсенал уште во зимскиот преоден рок, откако стана јасно дека не сака да потпише нов договор со „топчиите“. За него се интересира Жозе Мурињо кој сака да го доведе во Манчестер јунајтед, но Венгер сигурно нема така лесно да му го даде на големиот ривал. Најдобра опција е Озил да ја напушти Англија, а постои можност да замине во Италија.

Интер е подготвен да го испрати Жоао Марио на „Емирати“, а да го добие Месут Озил. Тоа би била идеална опција и за двата клуба, со оглед дека и Лучијано Спалети сака да се ослободи од Португалецот, кој не се вклопува во неговите замисли за составот на „нероаѕурите“. Тој бара покреативен фудбалер, кој би можел да ги разигра Иван Перишиќ и Мауро Икарди.

Од друга страна, Жоао Марио би бил добра опција за Венгер, кој полека сака да го реновира средниот ред,  веќе има доволно офанзивни играчи со такви карактеристики.

Се вчитува...