„Озил е одличен фудбалер, но…“

Техничкиот директор на Арсенал, Еду говореше околу положбата на Месут Озил во тимот велејќи дека колку и да е тој одличен фудбалер местото во тимот мора да го заслужи со максимално залагање на тренинзите.

„Овде зборуваме за резултати. Фудбалерите кои покажуваат резултати на тренинзи и натпревари на крајот добиваат шанса. Микел така работи. Тоа важи буквално за секого. Месут е одличен, неверојатен фудбалер, но за да игра, мора тоа да го заслужи“, изјави Еду. 

Во првото коло Арсенал славеше против Фулам со 0-3, а во втората рунда ќе играат со Вест Хем.

Се вчитува...