Озил пред сензационален трансфер во Јувентус

Месут Озил во следните шест месеци би можел да биде дел од италијанскиот шампион Јувентус. Арсенал сака да се ослободи од Озил кој има плата од 350 илјади фунти неделно. Поради тоа се подготвени да учествуваат и во плаќање на дел од трошоците.

Озил нема настап за Арсенал уште од март и не се наоѓа меѓу 25 фудбалери кои се пријавени за Премиер-лигата и Лигата на Европа. Арсенал во моментов е на 15. место на првенствената табела со само една победа во последните осум меча.

Со преминувањето во Јувентус, Озил повторно би заиграл со Кристијано Роналдо, со кој ја делеше соблекувалната во Реал Мадрид, а познато е дека Португалецот беше многу незадоволен кога тој замина од клубот во 2013 година.

Се вчитува...