Озил: Само јас сум за се виновен…, но останувам во Арсенал до 2021 година

Месут Озил речиси и да нема никаква минутажа во дресот на Арсенал сезонава. Секако, поради сето тоа, но и поради фактот дека не е омилен кај навивачите сериозно се шпекулира дека Германецот во јануари ќе ги напушти редовите на „топчиите“.

Сепак, од тоа нема да има ништо…

„Знам дека постојат понуди, но останувам во Арсенал се до крајот на 2021 година. Вредно работам и тренирам како би го вратил своето место во тимот. Секако дека го почитувам Емери и неговата селекција на  играчи, но секогаш кога ќе одиграме лошо против големите екипи некако само јас сум виновен“ – вели Озил.

Се вчитува...