Озил воопшто не игра за Арсенал, а доби 8 милиони фунти бонус за лојалност

Месут Озил веќе неколку месеци воопшто не е во составот на Арсенал. Менџерот Микел Артета не го вклучи во пријавениот тим за настапите во Лига Европа, а нејасно е дали воопшто ќе го има неговото име и на листата за Премиер-лигата која треба да биде објавена до 20. октомври.

Но, ваквата ситација не придонесува за Озил да не заработува од престојот во Арсенал. Покрај тоа што ја добива платата, а е најпалтен играч во тимот со 350 000 фунти неделно, германскиот интернационалец на крајот од септември добил и бонус за лојалност од осум милиони фунти.

Оваа сума е дел од  доогворот кој Озил го потпиша во 2018 година за продолжување на соработката до 2021. Во него имало клаузула за исплаќање на бонусот за лојалност како мотивација тој да го одработи договорот до крај.

Се вчитува...