Озил нема намера да замине од Арсенал, му се допаѓа Артета

Месут Озил има договор со Арсенал до крајот на следната сезона, но вели дека е задоволен и нема намера да ја менува клупската средина. Тој вели дека е среќен во Лондон, со што ги отфрли шпекулациите дека ќе премине во турскиот Фенербахче.

„Многу сум задоволен со договорот и ќе продолжам да играм. Тешко ми беше со претходниот тренер, признавам. Со Артета е тотално поразлично. Изненадувачки е како брзо се вклопи во тимот. Одлично работи и гладен е за успех. Се околу него е позитивно“, изјави Озил. 

Јавна тајна беше дека Месут Озил не беше во добри односи со Унаи Емери и дека е еден од виновниците, поради кои шпанскиот стратег заработи отказ во Арсенал.

Се вчитува...