Означен старт на новиот собир: Предизвикот ЕВРО 2024 почна… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската репрезентација под водство на селекторот Благоја Милевски означи старт на подготовките за стартот на квалификациите за ЕВРО 2024.

Македонија на 23. март во Скопје ја очекува првиот натпревар од квалификациите против Малта, во групата во која сме уште и со Англија, Италија и Украина.

Сосема е јасно дека македонските репрезентативци ги очекува повеќе од тежок предизвик во исклучително тешка група, но јасно е дека тоа носи и силен мотив за се она што оваа година ги очекува Милевски и неговите избраници.

Селекцијата вечерва одработи во некомплетен состав, а утре се очекува и приклучувањето на Елмас, Алиоски, Ристовски, Адеми, Несторовски…

 

 

Се вчитува...