Пабло Забалета стави крај на фудбалската кариера

Легендарниот аргентински фудбалер, Пабло Забалета, одлучи да стави крај на богатата фудбалска кариера. Тој во последните три години настапуваше за Вест Хем Јунајтед каде забележа вкупно 72 натпревари. Најдобрите партии во кариерата ги прикажа во Манчестер Сити од кој беше дел во периодот од 2008 до 2017 година период во кој забележа 230 настапи.

За репрезентацијата на Аргентина одигра 58 натпревари, а беше и дел од тимот што играше финале на Светското првенство во Бразил во 2014 година.

 

Се вчитува...