Падна договор: Деклан Рајс доаѓа во Арсенал, се чека само уште на една ситница…

Деклан Рајс ќе стане најскап фудбалер во историјата на Премиер-лигата откако Арсенал и Вест Хем конечно се договорија околу висината на трансферот на овој англиски репрезентативец. „Топчиите“ утрово понудија 105 милиони фунти за одличниот играч за врска, Вест хем беше во исчекување на одговор од Манчестер Сити, но откако Пеп Гвардиола одби да влезе во „лицитација“ за Рајс, „чеканите“ решија да ја прифатат понудата на Арсенал.

За целосен договор и зелено светло за трансфер се чека само уште на еден детал. Имено, Арсенал е согласен оваа сума да ја исплати преку рати во рок од четири години. Од друга страна, Вест хем инсистира парите да ги добие во наредните 18 месеци. Како што информираат британските медиуми, кај двата клуба постои подготвеност за компромис, за Рајс веќе во следните 48 часа да ги мине лекарските прегледи и да го комплетира овој мегатрансфер.

„Топчииите“ сакаат што поскоро да го ангажираат Рајс, за потоа да ги комплетираат преостанатите два трансфера, оној на Каи Хаверц на Челси вреден 60 милиони фунти, како и на холандскиот дефанзивец Тимбер, за кого на Ајакс ќе му платат 40 милиони фунти.

Микел Артета се надева дека со овие три засилувања Арсенал ќе направи чекор понапред во однос на минатата сезона и конечно ќе се искачи на врвот на Премиер-лигата.

Се вчитува...