Падна договор во Лондон: Флик ќе биде нов тренер на Барселона

Ханси Флик ќе биде нов тренер на Барселона, по позитивните преговори што беа водени со германскиот стратег од страна на спортскиот директор Деко и поранешниот голгетер Бојан Кркиќ кој сега е дел од управата на каталонскиот гигант. На состанокот што се одржа во Лондон беше присутени агентот на  Флик, Пини Захави, при што биле договорени сите детали од соработката, која ќе биде за загарантирани две сезони.

Жоан Лапорта остана бесен на Чави по последните изјави на актуелниот тренер, по што претседателот на Барселона издаде директна наредба до Деко и Кркиќ да ја интензивираат потрагата по нов стратег. Иако се најавуваше дека Рафаел Маркез би бил идеална опција како поевтин тренер кој веќе работи во младинската школа, токму Деко бил главен ривал на оваа идеја, инсистирајќи дека Мексиканецот се уште нема доволно искуство за да ја води Барса во битките со Реал Мадрид, како и во натпреварување како што е Лигата на Шампионите.

Флик од претходно се наоѓаше високо на листата со желби на каталонците, а штом беше донесена одлука за разделба од Чави, се интензивираа и контактите со поранешниот германски селектор. Тој ја стави Барса во преден план одбивајќи воопшто да почне разговори со Челси за евентуален наследник на Маурицио Покетино, по што преговорите во Лондон беа оценети како апсолутно успешни и од двете страни.

Чави ќе ја води екипата и на неделниот дуел со Севилја, по што во текот на следната седмица одлуката за разделба од овој тренер и именувањето на Флик ќе мора да биде верификувано од бордот на директори, по што би следела и официјална објава од страна на каталонскиот гигант.

Се вчитува...