Падна нов облог: Ќе го „стрижиме“ и капитенот – за полуфинале!

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б.Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Одлична атмосфера владее меѓу македонските ракометари по фантастичниот старт и трите натпревари без пораз. Како што паѓаат противниците, паѓаат и нови облози.

Синоќа, нов имиџ „на нула“ добија Филип Кузмановски и Дејан Манасков, во друштво на Столе Стоилов. За првото место во загрепската група. Ама како тргнала работа, „Столе бербер“ ќе има работа и во Вараждин.

„Сега на ред се Ацо Јоноски и Кире Лазаров.  Ако стигнеме до полуфинале ќе го „стрижиме“ капитенот. Таков е договорот. Нека победуваме, сите ќе се „истрижиме“ ако треба“ – го опиша „стајлингот“ по битолски, Филип Кузмановски.

Се вчитува...