„Пајакот“ од Аргентина е новогодишниот подарок од Лапорта за Чави и Барселона (видео)

На Барселона и се неопходни засилувања, а Жоан Лапорта веќе го подготви првиот „новогодишен подарок“ за тренерот Чави, начелно договарајќи го доаѓањето на Хулијан Алварез од Ривер Плејт.

Станува збор за 21-годишен голгетер што има прекар „пајак“ во Аргентина, каде игра во извонредна форма во дресот на Ривер. Тој досега има 21 гол на 44 одиграни средби за аргентинскиот гигант, но Алварез одбива да потпише нов договор, што го прави достапен за трансфер. Неговиот актуелен договор истекува во декември 2022 година, откупната клаузула му е скромни 25 милиони евра, а Лапорта планира дополнително да ја намали оваа сума за веќе во јануари да го доведе Алварез на „Камп Ноу“.

Тренерот Чави мака мачи со нападот на Барселона, Агуеро поради проблемите со срцето ќе мора да ја прекине кариерата, Бреитвајт подолго време е повреден како и Ансу Фати, Дембеле неодамна се врати, но би можел веќе во јануари да си замине од клубот, додека Мемфис Депај премногу осцилира во формата.

Токму затоа, приоритет на Лапорта е ангажман на нов напаѓач, а Алаварез одлично се вклопува во „приказната“, поради младоста и потенцијалост, но пред се поради цената, бидејќи Барса во услови на сериозна криза не може да си дозволи да троши богатство на мегатрансфери.

Погледнете дел од мајсториите на Хулијан Алварез во дресот на Ривер…

Се вчитува...