Паје му ја „скрши кичмата“ на голманот на Стразбур

Димитри Паје, фудбалерот на Олимпик Марсеј, ќе го „носи на душа“ голманот на Стразбур, Александре Укиџа, откако со неверојатен дриблинг придонесе тој да се повреди и да биде изнесен од теренот на носилки. Укиџа наседна на ’финтата’ на Паје, а потоа се покажа и дека во тој момент сериозно се повреди, по што мораше да го напушти теренот.

Олимпик Марсеј победи со 2-0, а Паје го постигна вториот гол за својот тим.

Се вчитува...