Палермо не се откажува од старите навики, па по само еден пораз во новата сезона беше донесена одлука да му биде врачен отказ на тренерот Бруно Тедино. Сицилијанците во минатото редовно менуваа по неколку стратези годишно, а со денешната одлука само покажаа дека трендот ќе продолжи и во оваа натпреварувачка сезона.
„Сакаме да објавиме дека се разделуваме од тренерот Бруно Тедино и неговиот стручен штаб, на кои сме им благодарни за досегашната работа“ – се вели во краткото соопштение на Палермо, додавајќи дека за тренер е именуван Роберто Стелоне, кој во дел од ланската сезона седеше на клупата на сицилијанскиот тим.
Останува да се види како тренерската смена ќе влијае врз игритее на двајцата македонски репрезентативци, Александар Трајковски и Илија Несторовски, со оглед на фактот дека Трајковски поради огромната доверба на Тедино во него извонредно ја стартуваше сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА