Веселин Вујовиќ низ годините се истакна како еден од најгласните критичари на српскиот претседател Александар Вучиќ кога станува збор за спортските легенди кај нашиот северен сосед.
Поранешниот македонски селектор и тренер на Вардар повторно се појави во јавноста со нови коментари за се потензичната ситуацијашто владее во Белград.
„Искрено, многу сум загрижен, очекував најразлични работи, но вакво нешто дури ни од Вучиќ не очекував – ова сценарио за кое гласно говори. Неверојатно, не сакам да дојде до некакви нереди и конфликти меѓу полицијата и народот, од тој момент веќе ќе нема враќање. Толку е сето тоа нечисто, какви се методи се користат… Веднаш истрча да зборува како студентите го удриле полицаецот, а постои снимка на која јасно се гледа дека друг полицаец со пендрак удира во него. Не можам да верувам што се случува, тој полицаец сега се крие и молчи наместо да излезе и да ја каже вистината. Каде исчезна човечката големина, честа, самопочитта“, истакна Вујовиќ за nova.rs.
За 15 март во српскиот главен град е закажан огромен протест на кој се најавува присуство на најмалку 500.000 лица од цела Србија, но „Вујо Мајсторе“ стравува од црно сценарио и нереди низ улиците на Белград.
„Се надевам дека се уште постои барем малку памет во оваа држава, дека нема да дојде до конфликт или граѓанска војна. Верувам дека се уште постои начин на пристоен, човечки и демократски начин да се најде решение. Ако тоа не се случи и ако дојде до употреба на сила, тоа ќе биде уривање на целиот сон на овие деца кои се на улица, кои само сакаат да живеат во една подобра, поубава, поуредена Србија“, порача Веселин Вујовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА