Пако Алкасер на позајмица во Борусија Дортмунд

Напаѓачот на Барселона, Пако Алкасер, ќе го напушти „Камп Ноу“ до крајот на летниот преоден рок и се очекува да се пресели во Германија. Тој е пред преселба во бундеслигашот Борусија Дортмунд. „Милионерите“ го посакуваат Алкасер како позајмен играч за претстојната сезона и за тоа ќе платат 2 милиони евра, открива „Мундо Депортиво“.

Двата клуба преговараат и за сумата која ќе стои во договорот за целосно откупување на напаѓачот на каталонскиот гигант. Се очекува да падне „дил“ и по ова прашање за околу 25 милиони евра. Пако Алкасер не е во најтесните планови на тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, за оваа сезона и затоа раководството одлучи да го даде на позајмица.

Се вчитува...