Пако Алкасер потпишува за Вилјареал за 23 милиони евра

Шпанскиот напаѓач Пако Алкасер се враќа во Ла Лига, но не во Валенсија со која подолг период водеше преговори, туку во редовите на Вилјареал. „Жолтата подморница“ за него ќе плати 23 милиони евра.

Алкасер стана прекуброен во Борусија Дортмунд по доаѓањето на младата норвешка сензација Ерлинг Халанд и побара да си замине. Тој за „милионерите“ одигра 37 натпревари и постигна 23 гола. Претходно беше дел од Барселона, во периодот од 2016 до 2018 година, а кариерата ја започна во Валенсија.

Се вчитува...