Панатинаикос на продажба за 25 милиони евра

Сопственикот на грчкиот кошаркарски великан Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос вели дека ќе го стави клубот на продажба. Тој вели дека од клубот заминува како шампион и со крената глава. Вредноста на грчкиот клуб изнесува 25 милиони евра.

„Моја дефинитивна одлука е дека заминувам од клубот. Од Панатинаикос заминувам како шампион и со крената глава. Мојата работа тука е завршена“, изјави Јанакопулос. 

Околу можната преселба на клубот во ФИБА Лигата на шампионите поради лошите односи со раководните лица на Евролигата, а пред се со претседателот, Жорди Бартомеу, Јанакопулус вели дека во ниту еден момент не изјавил дека Панатинаикос ќе ја напушти Евролигата и ќе настапува во Лигата на шампионите.

„Не јас во ниту еден момент не реков дека ќе играме во Лигата на шампионите. Туку само дека пред две години тоа натпреварување беше подготвено за нас. Тоа е одлука која треба сите заедно да ја донесеме во клубот“, изјави Јанакопулос. 

Јанакопулос во 2012 го презеде водството на Панатинаикос, откако на местото ги наследи својот татко Павлос и чичко Танасис. Во периодот на неговиот мандат Панатинаикос два пати беше шампион во Лигата и купот на Грција.

Се вчитува...