Панатинаикос отпиша уште двајца кошаркари (ФОТО)

Панатинаикос продолжува со промените во пресрет новата сезона. По ангажманот на Матијас Лесор, Лука Вилдоза и Костас Адетокумпо грчкиот евролигаш им се заблагодари на двајца кошаркари.

Станува збор за Дерик Вилијамс и Артурас Гудаитис кои од денеска се слободни да ја бираат новата средина. Покрај Американецот и Литванецот претходно од тимот заминаа и Парис Ли и Нејт Волтерс со што се отвара простор за нови засилувања кои се очекуваат во следните денови.

Се вчитува...