Панчев: Бојан Миовски е нашиот најдобар голгетер во моментов

Легендарниот македонски фудбалер Дарко Панчев, во разговор за ЕКИПА зборуваше за моменталните случувања во националниот тим на Македонија. Тој упати порака до играчите дека е подобро да се игра во мал клуб и да се биде стандарден, отколку да се „грее“ клупата во голем тим.

Панчев, како што посочи, во моментов Бојан Миовски е во врвна форма, и може да биде силен адут за Македонија во квалификациите за пласман на ЕП 2016 година во тешка група.

„Нема многу што да се зборува, во овој момент Бојан е нашиот најдобар напаѓач во моментов. Зборувам од голгетерски аспект, и игра одлично. Можам тука исто така да го издвојам и Доријан Бабунски, и тоа се нашите најистакнати шпицови“, рече Панчев и придоа дополнува:

„Формата на Миовски е добродојдена и за националниот тим, а она што е најважно е што се развива на добар начин. Секој кој ќе каже дека шкотската лига е слаба се лаже, затоа што има некое ниво. Не заборавајте дека Глазгов Ренџерс лани играше во финале на Лигата на Европа каде елиминираше големи клубови, и тоа говори за квалитетот на шкотското првенство. Ова за Миовски е добра шанса да биде побаран понатаму од некој голем клуб“, вели поранешната „златна копачка“.

Се осврна и на репрезентацијата за која кажа дека, за жал, се помал број на играчи се стандарни во клубовите, и тоа може да биде проблематично.

„За жал во репрезентацијата имаме малку играчи кои се стандарни во моментов. И тоа е објективност. Јас сум секогаш играчите да играат во помал клуб, ама да играат 2-3 сезони добро, да созреат, како што тоа го прави Миовски, а шансата за повеќе ќе дојде со добри настапи. Во секој случај сите момци имаат поддршка од целата јавност. Добро е да имаме конкуренција. Ако Миовски дава голови против Хартс, Селтик, Ренџерс или Доријан против квалитетни екипи во унгарското првенство за кое сметам дека се издигнува на едно повисоко ниво, тогаш може да се каже дека во нападот имаме избор и добра конкуренција“, заврши Панчев.

Се вчитува...