Панчев: Самсоненко ме излажа дека ќе инвестира во Вардар!

Легендата на македонскиот фудбал, Дарко Панчев во интервју за српските медиуми го критикуваше поранешниот сопственик на Вардар, Сергеј Самсоненко кој го остави клубот во тешка ситуација. Тој вели дека дошол во Вардар бидејќи Самсоненко го убедил дека ќе инвестира.

„Во Вардар дојдов навлечен од приказната на Самсоненко дека ќе инвестира во клубот. Како што минуваше време сфатив дека ништо не бидува од тоа. Многу лажговци има во фудбалот во клубовите од поранешна СФРЈ. Едноставно ние што сакаме да направиме нешто добро, не можеме токму од такви луѓе“, изјави Панчев. 

Вардар ги минува едни од најлошите години во своето постоење откако не се знае дали ќе се изнајде решение да биде спасен најтрофејниот клуб во историјата на Македонија.

Се вчитува...