Пандев, Адеми и Димитриевски ослободени од обврските – без тројката против Естонија и Ерменија

Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски по враќањето од Грузија одлучи да ги ослободи Горан Пандев, Столе Димитриевски и Аријан Адеми од обврските за двата престојни натпревари во Ц-лигата од Лигата на нациите.

Пандев, очекувано и заслужено, поради пандемијата на коронавирусот се враќа во Џенова каде треба што побрзо да се приклучи на тимот пред продолжението на првенството, Димитриевски исто така се враќа во Шпанија, како и Адеми кој го очекуваат лекарските третмани за повредата во Загреб.

Под знак прашалник за Естонија е стоперот Висар Муслиу поради мала повреда која се очекува да биде лесно надмината. За натпреварот во недела против Естонија во Скопје, селекторот Игор Ангеловски нема да може да смета и на Езгијан Алиоски поради суспензија, но фудбалерот на англиски Лидс ќе патува во Кипар каде на 18. ноември не очекува последниот натпревар од Лигата на нации против Ерменија.

Се вчитува...