Пандев доби добро познато лице за нов тренер

Џенова утрово му врачи отказ на Роландо Маран, по што експресно беше решено прашањето за нов предводник за тимот за кој настапува нашиот Горан Пандев. Изборот падна на Давиде Балардини, искусен стратег за кого ова ќе биде петта авантура како предводник на тимот на Џенова.

„Можеме да потврдиме дека довербата за работа со првиот тим му ја укажуваме на Давиде Балардини. Станува збор за тренер со кого имаме соработувано во 2010/11, во 2012/13, во 2017/18 и во 2018/19 сезона“, се вели во соопштението од Џенова.

Оваа екипа е без победа во последните 12 кола од Калчо-лигата, по што по последниот пораз од Беневенто падна на претпоследното место на табелата. Балардини ќе дебитира на гостувањето против Специја в среда, a првиот домашен меч ќе го има на 3. јануари против поранешниот клуб Лацио.

Се вчитува...