Пандев и Џенова – љубовта продолжува

Горан Пандев ја продолжува кариерата за уште една сезона, откако македонскиот ас ги договори условите за соработка со Џенова и за сезоната 2020/21. Нашиот голгетер планираше да се пензионира на крајот од сезоната, но одложеното ЕВРО 2020 ги промени неговите планови поради желбата на Пандев да се обиде со Македонија да се избори за пласман на едно големо натпреварување.

Претседателот Пречиози е голем фан на Македонецот и штом му се укажа шанса седна на маса со неговиот агент, експресно договорајќи ги условите за Пандев да игра уште една сезона и токму како член на Џенова да ја заврши својата фантастична кариера. Италијанските медиуми јавуваат дека буквално се е договорено, а само прашање на време е кога Џенова ќе го официјализира новиот договор со најдобриот стрелец сезонава.

Погодокот што Пандев го постигна на неделниот дуел со СПАЛ беше деветти за него сезонава во Калчо-лигата, што е најдобра голгетерска сезона за македонскиот репрезентативец во последните единаесет години.

Се вчитува...