Пандев и Џенова поразени и од Сампдорија (ВИДЕО)

Џенова и Горан Пандев ги очекува тешка битка за опстанок сезонава во Серија А. Џеновјаните загубија и во градската дерби-пресметката со 1-3 од Сампдорија во првиот натпревар од 17. коло во Серија А.

Триумфот за Сампдорија беше обезбеден уште во првото полувреме кога Габијадини погоди во 7. минута.

 

Во вториот дел, Капуто во 49. минута зголеми на 0-2 а Габиадини во 67. минута веќе донесе 0-3.

Џенова со голот на Дестро во 78. минута единствено успеа да го ублажи поразот.

Горан Пандев се најде во стартниот состав на Андреј Шевченко играјќи го целиот натпревар за Џенова.

Се вчитува...