Пандев: И понатаму тврдам дека оваа наша селекција е најдобра во историјата

ЕКИПА во Лихтенштајн,

Владимир Булатовиќ

Најдобри сме, и тоа ќе го докажеме. Капитенот на националниот тим, Горан Пандев, со ваков став излезе и на денешната прес – конференција, во пресрет на утрешниот дуел против Лихтенштајн, претпоследен од групниот сегмент во Лигата на нации. Сличен пристап имаше и пред мечот против Ерменија во Ереван, но таму фудбалската репрезентација мина неславно, со пораз од 4-0.

„Тој меч со Ерменија беше лоша вечер за нас, но мислам дека беше уште полоша вечер за судијата. Сега не чека Лихтенштајн, не е тоа наивна селекција, но ако одиграме како што знаеме мислам дека нема да имаме проблем да победиме тука“, изјави Горан Пандев.

Тој и понатаму тврди дека оваа генерација на Македонија е наша најдобра во историјата.

„Поразот од Ерменија некои го доживеаја трагично, но јас и понатаму силно верувам во оваа генерација и тврдам и дека е најдобрата во нашата историја. И тоа ќе го докажеме на утрешниот натпревар!“, порача капитенот.

Натпреварот меѓу Лихтенштајн и Македонија ќе се одигра утревечер, со почеток во 20.45 часот.

Се вчитува...