ЕКИПА во Гибралтар,
Владимир Булатовиќ
Македонија со победа се враќа од Гибралтар, тоа е седми натпревар без пораз за нашиот фудбалски национален тим, а капитенот Горан Пандев ги критикува и условите што беа понудени за одигрување на натпреварот. Ова беше прв официјален натпревар што Гибралтар го одигра на домашен терен, во својата држава, на стадионот „Викторија“.
„Тешки услови за игра навистина несоодветни за еден ваков европски натпревар. Недоволна осветленост, лош терен со вештачка трева на која мора да се внимава да се избегне евентуална непотребна повреда. Затоа најважна е победата и трите бода од еден ваков дуел. Очекувано тимот во вториот дел одигра само рутински за да дојдеме до планираната победа!“, изјави Горан Пандев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА