Пандев: Ова е најсилната Македонија во историјата, предводена од најдобриот селектор

ЕКИПА во Ереван,

Никола Ѓуровски

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе го одигра четвртиот натпревар од групата во Лигата на нации, одмерувајќи ги силите со селекцијата на Ерменија. Нашиот национален тим е на прагот да го освои првото место, а капитенот Горан Пандев е на три чекори до големиот јубилеј на Гоце Седлоски. Тој игра повеќе од една деценија за репрезентацијата и е убеден дека ова е најсилната Македонија во историјата.

„Горд сум поради јубилејот и верувам дека ќе го остварам (сто меча во националниот дрес), но уште повеќе се радувам што сега имаме една силна репрезентација, можам да кажам најсилната Македонија во историјата, предводена од најдобриот селектор. Имаме три победи на првите три меча, и дојдовме и овде во Ереван да победиме и да ја продолжиме низата. Ерменците се квалитетен состав, ги победивме заслужено во Скопје, и ќе сториме се тоа да го повториме и на утрешниот натпревар“, изјави капитенот Горан Пандев на прес – конференцијата.

 

 

 

Се вчитува...