Пандев по пристигнувањето во Македонија: Доживеав на 38 години да одам на ЕП, што можам повеќе да посакам!?

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев искажа благодарност за пречекот на граничниот преми Блаце на владината делегација на чело со премиерот Зоран Заев по историскиот пласман на Европско првенство.

„Ви благодариме на пречекот во овие утрински часови. Уште ние фудбалерите немавме учество на Европско првенство па еве и ние конечно се израдувавме. Се уште не сме свесни што направивме и колку е ова навистина огромен успех. Доживеав на 38 години да одам на Европско првенство и тоа е мојата најголема радост. Знам дека поминавме долг пат за да дојдеме до ЕП, но верував во овие момци уште од самиот почеток, дечките навистина го заслужија ова“ – истакна Пандев пред собраните медиуми.

Македонската селекција, поради маглата на скопскиот аеродром, некаде околу 03 часот по полноќ слета на аеродромот во Приштина од каде се упати за Скопје. По денешниот одмор фудбалерите ги чекаат нови активности пред натпреварот во недела против Естонија на домашен терен во рамките на Ц лигата од Лигата на нации.

Се вчитува...