Пандев потпишува нов договор со Џенова, пензијата одложена за после ЕП

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев уште една година ќе го носи дресот на италијанската Џенова. Се е подготвено за нов договор на Џенова со Пандев кој и дефинитивно ја одложува пензијата поради желбата за настап со Македонија на Европското првенство следната година.

И покрај претходните размислувања веќе е извесно дека Џенова го подготви новиот договор за македонскиот репрезентативец кој треба да се официјализира наредниве денови.

И претседателот на Џенова, Енрико Пречиози претходно објави дека веќе разговарал со Пандев за да продолжи да го носи дресот на овој тим.

Се вчитува...