Пандев пречекан како херој по враќањето во Италија, а тој скромен како и секогаш

Горан Пандев по враќањето во Италија беше пречекан од бројни новинарски екипи кои веднаш го прогласија за национален херој по пласманот на Македонија на Европското првенство следната година.

Но, скромен како и секогаш, уште еднаш ја потврди својата големина.

„Национален херој? Не. Не сум јас единствениот херој, сите сме херои во репрезентацијата, тоа е заслуга буквално на сите нас. Ова е прекрасно чувство, остваривме сон по 20 години. Конечно дојдовме до тоа за кое Македонија сонуваше три децении. Успеав на крајот од кариерата. Се уште не можеме да веруваме што постигнавме“ – истакна Пандев пред италијанските медиуми.

И навивачите на Џенова му честитаа со емотивна порака со жалење истакнувајќи дека, поради пандемијата на коронавирусот, нема да може на стадион да го пречекаат со овации.

„Добив илијадници пораки и им благодарам на сите, иако не успеав на сите да им одговорам. Имаше многу и од навивачи на Џенова. Им благодарам многу и на нив, кои веќе го освоија моето срце. Се надевам дека наскоро ќе се вратат на стадион затоа што ни се навистина неопходни“ – истакна Пандев.

 

 

Се вчитува...