Пандев против Рибери, кој ас ќе го разбуди заспаниот тим

Фиорентина вечерва ќе ја пречека Џенова во последниот натпревар од 10. коло во Калчо-лигата, а двајцата тренери ќе се крстат во ветераните во своите тимови, Франк Рибери кај Фиорентина и нашиот Горан Пандев во таборот на Џенова.

Двата тима се наоѓаат во огромна резултатска криза, Фиорентина е без триумф во последните четири кола, додека Џенова во своите последни четири средби не освои ниту еден единствен бод. Токму затоа, денешниот дуел ќе биде од огромно значење, победникот ќе најави излез од кризата, додека поразениот ќе потоне уште подлабоко.

Пандев сезонава има еден гол на девет натпревари за Џенова, во триумфот над Кротоне во првото коло од новиот шампионат. На спротивната страна, Рибери одигра седум меча за Фиорентина, но се уште е без погодок за „виолетовите“, а јасно е дека доколку Французинот не е во ритам, тимот од Фиренца сериозно се мачи на теренот.

Мора да се истакне и дека Џенова ќе биде сеирозно ослабена за вечерашното гостување на „Артемио Франки“, за кое гостинскиот тренер нема да може да смета на Перин, Запакоста, Кришито, Бираски и Касата.

Се вчитува...