Пандев: Сите титули во кариерата би ги заменил само со Македонија да играм на ЕП

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев во пресрет на утрешниот меч против Лихтенштајн во Лигата на нации вели дека тој и сите репрезентативци ќе направат се да ја видат Македонија на едно Европско првенство.

Против Лихтенштајн играме токму на денот кога славиме 25 години репрезентативен фудбал. Имаме атмосфера во селекцијата како никогаш досега, па сигурно сакаме сето тоа да го заокружиме со нова победа. Ако лично мене ме прашувате сите досегашни клупски титули во кариерара би ги заменил само со Македонија да играм на ЕП. И претходно кажав дека ова е наша шанса која мора да ја искористиме” – истакна Пандев на денешната прес-конференција.

Се вчитува...