Пандев: Сити ќе има голем притисок, Интер може до титулата во ЛШ

Фудбалерите на Манчестер сити и Интер во сабота ќе го одиграат финалето во Лигата на шампионите, по кое ќе биде познат новиот владетел на стариот континент.

Ова е прва финале за Интер во ЛШ по 2010 година, кога во дресот на „нероаѕурите“ беше и најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев.

Тој за италијанските медиуми вели дека Сити ќе биде под голем притисок на овој меч, па затоа шансите на Интер за титула се доста реални.

„На хартија изгледа дека Сити е голем фаворит, но Интер има оружја со кои може да го стави Сити во тешка позиција и јас сум убеден дека тоа ќе го направат. Да не нѐ залажуваат тие 4-0 со Реал Мадрид, зашто сега финалето е на неутрален терен. А, Англичаните, како и ние во таа 2010 година, се борат за тројна круна, за такво нешто е изграден тимот, ама тоа може да им донесе уште поголем притисок од вообичаеното. Сити е тим кој ве турка позади, во Мадрид (во 2010 година), Баерн се обиде да го направи тоа со нас, па не им успеа. Тоа што Интер мора да го направи е да го дочека финалето во врвна кондиција, зашто максималната физичка подготовка за ваков меч ја прави разликата“, вели Пандев. 

Се вчитува...