„Пандевци“, и без Васоски на клупата, им се одмаздија на „романтичарите“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Академија Пандев максимално се одмаздија на Работнички за првиот пролетен пораз во меѓусебната пресметка, на стартот од последниот круг во првенството триумфирајќи со 0-2 на гостувањето во Скопје.

„Пандевци“, кои на дуелот беа водени од Раденко Бојовиќ поради тоа што шефот на стручниот штаб Александар Васоски е позитивен на коронавирусот, до предноста дојдоа со голот на Марио Крстовски во 11. минута…

Во продолжението веќе во 19. минута по одличната акција на Прелчец по левата страна, Лука Станковски имаше 100% шанса за израмнување но неговиот шут од десет метри го брани Јовановски.

„Романтичарите“ имаа шанси потоа и преку Ристовски како и повторно преку Лука Станковски во 43. миута, но голманот на гостите Марко Јовановски не дозволи израмнување на резултатот.

Во последните секунди од првиот дел Работнички не реализираше пенал преку Никола Прелчец. Марко Јовановски одлично го одбрани неговиот удар откако претходно во шеснаесетникот беше соборен Тодоровски.

Се вчитува...