„Пандевци“ незапирливи: Триумф и над Ренова за задржување на лидерската позиција

Академија Пандев го задржува лидерското место во Првата македонска фудбалска лига откако во првиот натпревар од 5. коло славеше со 2-0 на домашен терен против Ренова.

Водечкиот гол на струмичани го постигна засилувањето од летниот преоден рок Марко Рајковиќ кој го запиша својот деби гол во дресот на Академија Пандев. Рајковиќ со глава прецизно стрелаше во 32. минута по корнерот од десната страна на Стоилов.

Во второто полувреме Ренова лесно можеше да израмни. Но Кадриу во 48. минута и Гафури во 56. минута не реализираа две извонредни шанси.

Па, по нереализираните шанси на гостите, на крајот следеше казна со голот на Марио Крстовски по брз контранапад во 87. минута за конечни 2-0.

ПРВА ЛИГА – 5. КОЛО

Академија Пандев – Ренова 2-0

УТРЕ (15:30 ч.)

Скопје: ВАРДАР – СТРУГА ТЛ

Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ

Скопје: ШКУПИ – СИЛЕКС

Се вчитува...