„Пандевци“ по одмазда против Работнички за оној снежен пораз од Струмица кој ги налути

Работнички и Академија Пандев денеска од 15 часот во Скопје го отвораат третиот круг од натпреварите во Првата македонска фудбалска лига.

„Романтичарите“ во одлична атмосфера го очекуваат дуелот по беспрекорниот старт на пролетниот дел од сезоната. Веруваат дека може да продолжат со победите како би продолжила и битката за европски излез.

На спротивната страна, пак, „пандевци“ сакаат реванш за оној снежен пораз во Струмица кој ги налути на почетокот од пролетта. Тренерот на струмичкиот тим, Александар Васоски вели дека и покрај местото на табелата квалитетот на двата тима е израмнет. Очекува одличен натпревар во кој ќе решаваат нијанси.

„И покрај разликата на табелата сметам дека двата тима имаат израмнет квалитет. Работнички игра добро во овој дел од сезоната и очекувам тежок и квалитетен натпревар во кој на крајот ќе одлучуваат нијанси. Немам поголеми проблеми со повреди, освен Коста Манев кој ќе биде во ‘аут’, а под знак прашалник се Кире Марковски и Никола Шаркоски. Се на се очекувам добар меч и се надевам дека со поволен резултат ќе го почнеме последниот круг од шампионатот“, вели Васоски.

ПРВА ЛИГА – 23. КОЛО (денеска, 15 ч.)

Скопје: РАБОТНИЧКИ – АК. ПАНДЕВ

УТРЕ (15 ч.)

Скопје: ШКУПИ – ВАРДАР

Тетово: ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС

Струга: СТРУГА ТЛ – РЕНОВА

Велес: БОРЕЦ – БЕЛАСИЦА

Се вчитува...