„Пандевци“ против Шкупи за задржување на лидерското место

Задржувањето на лидерското место во Првата македонска фудбалска лига, фудбалерите на Академија Пандев ќе треба да го реализираат со триумф на денешниот дуел од 7. коло против Шкупи.

Пред своите навивачи во Струмица, „пандевци“ атакуваат на трите бода носејќи ја фаворитската улога иако има и огромен мотив во редовите на Шкупи, по назначувањето на новиот тренер Ќатип Османи, за позитивен резултат.

На натпреварот во Ѓорче Петров, пак, Македонија ЃП ќе се обиде да се врати повторно на позитивните резултати по претходниот пораз од Работнички. „Лавовите“ ја пречекуваат Ренова која ќе бара излез од кризата во која западна со три едноподруго порази.

ПРВА ЛИГА – 7. КОЛО (денеска, 15:30 ч.)
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА (15 ч.)
Скопје: ВАРДАР – СИЛЕКС
Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ
Тетово: ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ
ВЧЕРА
Велес: БОРЕЦ – РАБОТНИЧКИ 1-1

Се вчитува...