„Пандевци“ стигнаа во Полска (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонскиот фудбалски прволигаш Академија Пандев стигна во Гдањск, каде утре ќе и гостува на полска Легија во првиот натпревар од двомечот во воведното коло во Конференциската лига на УЕФА.

„Пандевци“ ќе се обидат да извлечат поволен резултат против големиот фаворит пред реваншот кој за седум дена ќе се игра во Скопје.

Натпреварот меѓу Легија и Академија Пандев кој е закажан за утре е со почеток во 20.15 часот.

Се вчитува...